Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроника60 килограми марихуана пронајдени покрај реката Сатеска

60 килограми марихуана пронајдени покрај реката Сатеска

Дури 60 килограми марихуана во пакувања од околу еден килограм биле пронајдени вчеравечер крај мостот на реката Сатеска, на стариот пат Охрид – Струга, извести СВР Охрид.

Дрогата била пронајдена околу 21 часот вчера, во 59 пакувања, ставени во пет торби. Покрај нив имало и едно пакување кафена прашката материја, која заедно со марихуаната, е испратена за вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со оружје и со опасни материи преземаат мерки за целосно документирање и за расчистување на случајот.