Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКрвав судир на навивачите на Шкендија и Будуќност, 11 повредени лица

Крвав судир на навивачите на Шкендија и Будуќност, 11 повредени лица

Тринаесет повредени лица од кои две пренесени во Ургентниот центар во Скопје е билансот од тепачката која денес се случи кај Сретков мост меѓу навивачи на Будуќност и Шкендија. Од МВР информираат дека инцидентот се случил кога 10-тина автобуси со навивачи на Шкендија се движеле во Кичево по што едниот запрел во близина на мостот.

avtobus-buduknost-640x480Од спротивна насока се движеле два автобуси со црногорски регистерски ознаки во кои се превезувале навивачи на Будуќност. Во тој момент навивачите на Шкендија со разни предмети и камења почнале да фрлаат кон двата автобуси, по што истите застанале, а тепачката почнала. Информациите од МВР говорат дека повредени се 11 навивачи на Будуќност, а на повреди се пожалиле и двајца од навивачите на Шкендија.

avtobus-buduknost1-640x480На сите им е укажана лекарска помош во гостиварската болница додека двајца навивачи на црногорскиот клуб се пренесени во Ургентен центар во Скопје поради убодни рани најверојатно од нож. Неофицијално, на едното лице му биле нанесени три убодни рани во пределот на грбот, додека второто лице имало расекотини во пределот на главата. Автобусите на црногорските навивачи се оштетени. Полицијата изврши увид на местото на инцидентот и во тек е целосно расчистување на случајот.