Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЈавната администрација подготвува штрајк поради покачените плати на судиите и обвинителите

Јавната администрација подготвува штрајк поради покачените плати на судиите и обвинителите

Судиите и обвинителите добија 35% покачување на моменталната плата, што предизвика голем револт кај јавната администрација. Одлуката за покачување на платите ,потпишана од претсетдтаелот на Судксиот совет ,Бранко Ушковски, во понеделникот стигнала до претседателите на судовите, со кои им се наложува да постапат согласно последните законски измени, кои Собранието ги изгласа на Нова Година, а кои предвидуваат додаток на плата до 35% од основната плата. Истото е предвидено и за стручните јавно-обвинителски службеници.

Ова за вработените во судовите е некоректно, бидејќи тие минатиот месец излегоа на улица и штрајкуваа за повисоки плати, исплаќање на ветените 5% за сите вработени во јавната админситрација, измена на законот за судска служба, како и враќање на старото работно време. Штрајкот беше поддржан од адвокатите, повеќе невладини организации и друи синдикати, а протестите се одржаа низ речиси сите градови.