Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудијата Нанев обвинува за влијанија при избор на судии

Судијата Нанев обвинува за влијанија при избор на судии

Само се сменија дресовите и повторно се бират судии под влијание, коментира судијата Лазар Нанев, кој беше прворангиран на листата за избор на судија во скопска апелација, но Судскиот совет не му даде нему поддршка туку ја избра треторангираната судијката Тања Милева, судијка од велешкиот суд, сопруга на Игор Милев од ДИК, информира Телма.

Судскиот совет ја променил праксата да ги избира судиите со најмногу бодови. Повреден е законот, но и европските стандарди за човекови права, вели Нанев, кој најави тужба пред судот во Стразбур.

Последните избори на судии и претседатели на судови се најдоа и во извештајот за транспаретност и ефиканоста на судскиот совет на Институтот за човекови права, каде исто така се констатира дека Судскиот совет ја променил праксата и избирал кандидати, кои не се први, туку подоле на ранг листата според бодовите.

Има проблеми и дилеми околу давањето бодови, нивното пресметување и дали треба само тоа да биде клучно во изборот на судиите, смета поранешаната судијка во Стразбур Маргарита Цаца Николовска. Се надева дека со новите законски измени овие отворени прашања ке се надминат.

Во извештајот На институтот се посочува и дека покрај голем број пријавени кандидати за судии, Судскиот совет сепак не ги пополни сите потребни судиски места за кои рапсиша оглас, со што се доведува во прашање ефективноста и ефикасноста на советот, бидејки во наредниот период ќе треба да ја повтори постапката за избор на судии.