Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзвештајот за напредок на Македонија сепак во вторник на 10-ти Ноември

Извештајот за напредок на Македонија сепак во вторник на 10-ти Ноември

Иако првично во дипломатските кругови објавувањето на извештајот се најавуваше за денеска (5-ти Ноември), сепак годишните извештаи за напредок кој ги објавува Европската комисија ќе го дочекаат светлото на денот следниот вторник (10-ти Ноевмри).

Досега, според праксата од минатите пет години, неформалната влада на ЕУ требаше извештаите да ги објави кон средината на октомври, но годинава под прикритие на бегалската криза, и другите политички текови во Европа, извештајот за напредокот на Македонија и другите земји ќе го слушнеме на 10-ти Ноември.

Според достапните информации, комесарот Хан, извештаите во вторник наутро најпрво ќе им ги претстави на пратениците во Европскиот парламент, а околу 14 часот истите ќе ги презентира на прес – конференција во зградата на Еврокомисијата во Брисел. Имајќи во предвид дека проширувањето на ЕУ не е во прв план, и истото е „паузирано“ на неколку години, годинашните извештаи не се очекуваат со преголема возбуда како претходните години.

Препораката за Македонија, со откочувањето на политичкиот договор, се очекува да дојде условена првично од спроведувањето на пржинскиот договор, а потоа од демократските капацитети кои ќе мора да ги покаже државава на следните фер избори закажани за догодина. Комисијата, неофицијално, најави можност за подготовка на нов обновен извештај следната година напролет, доколку се следат препораките од извештајот кој се очекува, спроведуањето на договорот од Пржино, и адресирање на забелешките од извештајот на Прибе.


Н.С