Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИзгласан ребалансот на буџетот стокмен предизборно

Изгласан ребалансот на буџетот стокмен предизборно

Собранието на Република Македонија го изгласа ребалансот на буџетот за 2015-та кој добро ќе послужи за одржување во активност на повеќе започнати владини проекти во инфраструктурата и социјалните политики, но истовремено е добро скроен за ветувања пред гласачите со нови бенефиции и програми.

stavrevski

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски повторно го одбрани потегот пред пратениците со анализата за поголеми приходи од планираното и квалитетното трошење на средствата во првите месеци од годината.

sobranie

Економскиот раст се прогнозира за 3.5 проценти, а не треба да се надмине ниту буџетскиот дефицит и јавниот долг. Опозицијата секако, се противеше на ребалансот иако без своите пратеници во Собранието не можеше да даде повеќе аргументи против.