Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан денеска повторно во Скопје ќе има улога на лут родител

Хан денеска повторно во Скопје ќе има улога на лут родител

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан повторно ќе пристигне во Скопје за да изврши финален притисок врз партиите за почитување на веќе двата постигнати договори и временски рамки за излез од политичката криза, но роковите не беа испочитувани, а времето за избори во април е се помало за да се спроведат сите реформи доколку и понатаму има кочење на преговорите. Хан ќе има средба со политичките лидери во Скопје и ќе се разговара за идните чекори и обврски кои треба да се превземат.