Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан: Можно е во првата половина од 2018 година да се најде политичко решение со Грција

Хан: Можно е во првата половина од 2018 година да се најде политичко решение со Грција

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, очекува дека во првата половина на 2018 година би требало да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

– Сега имаме прозорец на можности до средината на следната година, кога почнува изборната кампања во Грција. Сè повеќе се разбира потребата дека политичко решение мора да се најде – вели Хан во интервју за австрискиот весник „Винер цајтунг“.

Еврокомесарот истакнува дека политичката клима меѓу Скопје и Атина е подобрена и оти тоа би можело позитивно да се одрази на решавањето на проблемот.

– Односите се многу се подобрени, благодарение на активните напори на новата влада во Скопје – истакна Хан, притоа додавајќи дека во официјална Атина постои волја за наоѓање политичко решение.

Хан потсети дека Европската комисија досега даде девет препораки за почеток на преговорите со Македонија и оти во моментов во земјите членки на ЕУ се многу посвесни дека земјите од Западен Балкан мора да имаат јасна перспектива за евроинтеграција за да се обезбеди долгорочна стабилност во регионот.