Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрупа млади во еко поход – Друштвена чистенка на Матка

Група млади во еко поход – Друштвена чистенка на Матка

Со оглед на еколошката колективна свест на нашето општество, добро е да се знае дека има млади луѓе кои не само што се свесни за штетните последици од загадувањето, туку и се спремни да преземат нешто околу тоа.

Кањонот Матка е меѓу десетте најубави кањони во Европа кои се лесно достапни за авантуристите и нудат одлични погледи и добри патеки за шетање. За жал, местото е полно со отпадоци.

Ајде да се собереме и да го исчистиме – гласи повикот на Фејсбук.
Ако сакате да помогнете се што треба да направите е да понесете со себе ракавици и кеси во кои би го собирале отпадот.
Собирно место: Мостот што се наоѓа на почетокот на кајакарската патека.