Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПожар на Матка – се шири кон Водно и Шишево

Пожар на Матка – се шири кон Водно и Шишево

Пожар попладнево избувнал на Матка и се шири кон браната и кон селото Шишево, соопшти Центарот за управување со кризи.

Како што информираат од ЦУК пожарот избил на левата страна на браната Матка и дека зафатил мешана шума и постепено почнал да се шири кон планината Водно. Огнените јазици подоцна се префрлиле и на десната страна на браната и се шират кон соседното селото Шишево.

Противпожарните екипи веќе се на терен и се обидуваат да се справат Неколку екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се испратени на терен.