Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГруевски: Македонија е најниско задолжена држава во Европа, Наумов да го одобри заемот!

Груевски: Македонија е најниско задолжена држава во Европа, Наумов да го одобри заемот!

Актуелниот премиер на државава уверува дека Македонија е четврта најниско задожена држава во Европа, според евростат. Според Груевски, јасно било дека во периодот што претстои стратегија на СДСМ ќе биде да се делува во насока на „наводното“ спречување на задолжувањата.

„’Наводно’ спречување на задолжување во смисла дека тие херојски се избориле да не се задолжи земјата, иако и самите тие, и човекот кој таму ги претставува, и експертската јавност, сите знаат дека се прави тоа што треба и ништо не се прави надвор од она што е економски оправдано. Се работи за една предизборна кампања која треба на луѓето кои не се навлезени во оваа дејност да им покаже дека еве СДСМ дошле, имаат право на вето и се борат да не се задолжи премногу државата“, рече Груевски. Тоа, според него е гола борба без аргументи.

„Ако таа прерасне во правење штета на државата, секако може да има последици, но верувам дека институциите тоа ќе го спречат“, додаде премиерот.

Тој воедно и јавно го повика Наумов да даде согласност за заемот, бидејќи во спротивно како што вели ќе нема да има пари за плати и пензии во јануари.