Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчките ахархисти подготвувале крвава пролет – пронајдени уште 8 бомби наменети за функционери на ЕУ

Грчките ахархисти подготвувале крвава пролет – пронајдени уште 8 бомби наменети за функционери на ЕУ

Осум нови сомнителни пакети наменети за истакнати европски личности, биле пронајдени во поштата во Атина, соопштила грчката полиција.

Пакетите биле пронајдени во преносен центар на северот на главниот град на Грција. Минатата седмица пратки со експлозивни направи биле пратени во германското министерство за финансии во Берлин, и канцеларијата на ММФ во Париз.

Пакетот во Париз полесно ги повредил лицето и рацете на службеничката која го отворила.

Анархистичката група “Заговор на огнените ќелии” ја преземала одговорноста за пратката во Берлин, а инспекторите во Франција исто така нападот во Париз го припишале на грчкото анархистичко движење.

Минатата седмица извор близок до истрагата во Париз, навел дека направата се состоела од две туби со црн прав и детонатор од рачна изработка. Еден грчки полициски извор рекол дека осум нови пакети минале низ рендген и дека содржеле сличен механизам.

Во своето соопштение анархистичката група “Заговор на огнените ќелии”, предупредила дека праќањето на пакети во германското министерство се дел од планот на Немесис, што на грчки значи правда дека нивна мета е системот на власта.

Таа група кренала паника во Европа во 2010-тата година, со низа пратки со бомби, наменети за германската канцеларка и европските лидери. Голем број нејзини членови, во главно млади, биле осудени во