Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текGoogle Translate преведува физички знаци на македонски

Google Translate преведува физички знаци на македонски

Откако Google ја купи компанијата WordLens, во својата Translate апликација пред шест месеци ја вгради можноста за препознавање и преведување на физички знаци или зборови.

Апликацијата функционира многу едноставно. На пример, ако се наоѓате во Шпанија и не го разбирате нивниот јазик, апликацијата ви преведува од шпански на англиски во реално време, со тоа што со камерата ги скенирате зборовите и преведувачот потоа ви ја пишува реченицата на англиски.

Google објави дека апликацијата е достапна за нови 27 јазици. Лично ја пробавме Android апликацијата и можеме да ви кажеме дека во однос на македонскиот јазик, можете да преведувате само од англиски или некој друг јазик на македонски, но обратно не може.

Се разбира, не очекувајте дека ќе преведувате цели долги текстови, туку реченица со неколку зборови. Ако одите во некој ресторан и не можете да го разберете менито или гледате некој сообраќаен знак и не ги разбирате, апликацијата без проблем ќе ви помогне.

Google изработил видео за да сфатите полесно како функционира сето тоа – ја отварата апликацијата, кликнете од кој јазик сакате да преведете на македонски и потоа кликнете на копчето за камера за да ги скенирате зборовите.

Извор: telefoni.mk