Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГолема акција за вдомување животни „Вдоми, не купувај“

Голема акција за вдомување животни „Вдоми, не купувај“

Голема акција за вдомување на миленик во сабота на 12.03.2015 година на улица „Македонија“, во близина на спомен куќата на Мајка Тереза. Под мотото „ВДОМИ, НЕ КУПУВАЈ!“ За два дена повеќе кучиња и мачиња да им обезбедиме топол дом, па затоа ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да вдомат милениче, да дојдат од 12:00 до 17:00 часот , да не посетат, го одберат својот најдобар четроножен пријател и на тој начин да спасат еден живот.

На акцијата за вдомување ќе биде поставен и едукативен штанд со инфо материјали (препораки за грижа, флаери за полезноста од стерилизација) и во секое време активистите на Анима Мунди ќе бидат достапни за совети и дискусија за се што ги интересира љубителите на животни, а секое вдомено кутре ќе добие извод и ваучер за 70% попуст за негова стерилизација/кастрација во иднина, кој ќе важи за секаков вид оперативни зафати за вдоменото животно.

Инаку, како информација плус целиот настан е овозможен и поддржан со програмата Цивика Мобилитас и општина Центар.