Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ ја намали предноста на Енди

Ѓоковиќ ја намали предноста на Енди

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа второто место на АТП листата објавена денеска, но ја намали разликата со Британецот Енди Мареј.

Ѓоковиќ има 7.445 поени, 2.925 помалку од Мареј. Српскиот тенисер на листата од минатата недела имаше заостаток од 3.518 поени. Британецот ја бранеше титулата во Рим но испадна уште на почетокот на натпреварувањето.

Ѓоковиќ вчера загуби во финалето на Мастерсот во Рим од германецот Александр Зверев со 4-6,3-6. Германецот благодарение на првата титула направи скок од 7 места и сега е десети на АТП листата, што е негов најдобар пласман во кариерата и единствена промена меѓу првите 10 играчи во светот.