Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисМареј губи дополнителни 1.200 поени?

Мареј губи дополнителни 1.200 поени?

Иако е прв во светот, Енди Мареј има големи проблеми оваа сезона. Тенисерот од Велика Британија и моментално најдобриот играч во светот, Енди Мареј, може да го пропушти Ролан Гарос.

Мареј има проблеми со вирус, мораше да мирува некое време, а од вчера почна да тренира и големо прашање е дали ќе биде во можност да излезе на теренот.

Јасно е дека нема да биде во целост подготвен, дури и ако тој игра нема да биде апсолутен фаворит против кој било друг противник.

Минатата година тој одигра финале против Ѓоковиќ, ако оваа сезона не стигне до таков степен, може да изгуби голем број на поени, дури и до 1200 ако не игра на турнирот.