Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисАгаси: “Штефи ме убеди да ја прифатам поканата на Ѓоковиќ”

Агаси: “Штефи ме убеди да ја прифатам поканата на Ѓоковиќ”

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси изјави дека неговата сопруга Штефи Граф го убедила да ја прифати поканата на Новак Ѓоковиќ да биде негов тренер.

“Прво го одбив Новак, но мојата сопруга Штефи ми рече да се обидам и дека можам да ја прифатам поканата. Можеби таа само сака да се ослободи од мене”, рече Агаси.

Агаси има 43 години и ќе го тренира Ѓоковиќ на претстојниот Ролан Гарос во Париз, каде што српскиот тенисер ја брани титулата.

“Немам долгорочен договор со Новак, се согласивме за Ролан Гарос, но ова не е работа за мене јас ќе зборувам со Новак. Јас ќе бидам на Ролан Гарос, а потоа одам на патување со своето семејство, патувањето го планиравме веќе долго време. Ако можам да променам една или две ситници, сигурен сум дека Новак ќе стигне далеку на турнирот “, изјави Агаси.