Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГевгелиските таксисти пак со блокади, бараат да возат мигранти

Гевгелиските таксисти пак со блокади, бараат да возат мигранти

Гевгелиските таксисти и понатаму ќе продолжат со блокадата на меѓународната железничка пруга Солун-Скопје се додека не им се исполнат барањата и тие да учествуваат во превозот на мигрантите бидејќи тоа им е значаен дел од приходите кои ги остваруваат и сметаат дека се неправедно спречени.

migranti gevegelija10Втор ден гевгелиските таксисти ја блокираат меѓународна пруга Солун-Скопје во Гевгелија, не дозволувајќи да се одвива железничкиот сообраќај се додека властите не им дозволат да превезуваат бегалци и тие покрај „Македонски железници“.

За решение на нивниот проблем треба да се разговара на денешната седница на Координативното тело за справување со бегалската криза, но нема гаранции дека барањата ќе им бидат исполнети.