Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови малверзации со превозот на ученици во Битола

Нови малверзации со превозот на ученици во Битола

Директорот на средното училиште „Таки Даскало“ од Битола, во текот на учебната 2015/2016 исплатил повеќе пари на превозник отколку што реално требало и затоа доби кривична пријава од СВР Битола за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата В.Т.(52) од Битола, иако од благајникот му било предочено дека во пристигнатите фактури и списоци за превоз на ученици, бројот на ученици е поголем од реалниот број на ученици коишто го користат превозот, не ги вратил фактурите и списоците кај превозниците за корекција и исплатил 105.789 денари.

Со тоа овозможил незаконска заработка од 73.991 денари за „Џем Турист“ ДООЕЛ, 25.428 денари за Лука Експрес ДООЕЛ и 6.370 денари на Гопеш Транс ДООЕЛ, вели СВР Битола.

Злоупотребите направени со превоз на ученици, „тешки“ 360.000 евра се предмет на случаите „Транспортер“ на СЈО и на „Транспортер 2“ на Основното јавно обвинителство – Битола. Вториот случај се однесува на периодот во кој директорот на „Таки Даскало“ ги исплатил парите за непревезени ученици.