Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГевгелиски таксисти: Не сме профитери, чесно работиме

Гевгелиски таксисти: Не сме профитери, чесно работиме

Состојбата во Гевгелија е тензична и веќе цела недела трае конфротацијата меѓу таксистите и приватните превозници и Главниот штаб на ЦУК кои не им овоможуваат да ги пренесуваат мигрантите до Табановце и да си обезбедат егзистенција за своите семејства.

12666496_1286661288014299_874457004_nОд здружението на таксисти и превозници ни изјавија дека не се профитери и дека се регистрирани, сами се вработиле и имаат уредна документација. Блокадите на јужната граница ќе продолжат секој ден по два часа од 10 до 12, а централното градско подрачје ќе се блокира по еден час со тоа што интезитетот ќе се зголемува, велат од здружението.

Таксистите протестираат и пред седиштето на општина Гевгелија, кое е лоцирано во близина на градскиот плоштад и велат дека ќе бидат трпеливи и ќе истрајат во своите барања за чесно да заработат. Од здружението кое има 400 превозници ги обвинија Македонски железници дека не си ја вршат основната дејност превоз на патници и дека сакаат многу да заработат од мигрантите со тоа што ангажираат и вагони од соседните држави.

Репортер: Живко Стоилов