Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропратениците порачаа: Патриотски приоритет е договорот од Пржино

Европратениците порачаа: Патриотски приоритет е договорот од Пржино

Едвард Кука, Ричард Ховит и Иво Вајгл како официјални претставници на Европскиот парламент ги испратија главните пораки до сите политички чинители во Македонија да ги превземат обврските кои произлегуваат со договорот од Пржино како патриотски приоритет за надминување на политичката криза и сите сегашни препреки и компликации.

evropska trojka 2Европската тројка вчера и денес одржа повеќе средби со претставници на најголемите политички партии, како и со најважните институции пред одржување на изборите. Кукан, Ховит и Вајгл имаа разговори со членовите на Државната изборна комисија, како и со Специјалната обвинетелка потенцирајќи дека тие мора да работат слободно и независно и да учествуваат во креирање на реформскиот пат на Македонија кој ќе не доближи до членството во Европската унија.