Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИма значаен напредок во спроведувањето на реформи, оценија Заев и експертите од БИЕПАГ

Има значаен напредок во спроведувањето на реформи, оценија Заев и експертите од БИЕПАГ

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска присуствуваа на работен ручек во однос на евроатланските процеси на Македонија и Балканот со странски експерти кои се дел од „Балканс ин Јуроп полиси адвјасори груп“ (БИЕПАГ), Хедвиг Морвај, директор на Европскиот фонд за Балканот и Флоријан Бибер директор на Центарот за југоисточни европски студии на Универзитетот во Грац.

На средбата, како што се наведува во соопштението од Владата, присуствуваа и домашни експерти, поранешните амбасадори и универзитетски професори Блерим Река и Ѓорѓи Спасов.

– Заеднички беше оценето дека Република Македонија има направено значаен исчекор во спроведување на демократските реформи и во забрзувањето на евро-атланските интеграции и беше заклучено дека од исклучителна важност е да продолжат реформите и Македонија да има јасни перспективи и напредок во однос на членството на земјата во ЕУ и НАТО во 2018 година, стои во соопштението.