Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕве како се чува седиштето на ВМРО, демонстрантите тргнаа

Еве како се чува седиштето на ВМРО, демонстрантите тргнаа

Протестот кој е веќе започнат и кој вчера беше проследен со низа немири и напади денес е под засилено обезбедување.  Седиштето на ВМРО, Народната канцеларија на претседателот Иванов и Министерството за правда се под заштита на бројни полициски сили и тешки околпни возила.

Меѓу демонстрантите има и такви кои ги повикуваат припадниците на полициските сили да се придружат на протестот и да одат до сите полициски станици каде се однесени уапсените од вчерашниот протест.

Меѓу толпата може да се забележат и граѓани кои провоцираат и повикуваат на насилни протести, но и граѓани кои стојат мирно и на дистанца. Фрлени се и првите факели. На сликите може да се забележи дека обезбедувањето е значително засилено во однос на вчера. Демонстрантите се поделени во две групи, онаа група која се наоѓа пред седиштето на ВМРО се обидува да се судри со полицијата.

Пред полицискиот кордон застана еден од вчерашните повредени демонстранти со инвалидска количка, а покрај него е и екс полицискиот генерал Стојанче Ангелов кој апелираше провокаторите да не применуваат насилство и да не ја напаѓаат полицијата.

Автор: Емилија Анчевска

Фотo: Кристина Атовска