Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕкономијата зависна од политичкиот епилог

Економијата зависна од политичкиот епилог


Министерот за економија, Бекин Незири, денеска објави дека состојбата во економијата ќе зависи од исходот на политичката криза и дека партиите кои се учесници во преговорите ќе мора да најдат решение. Оптимистички гледа дека решение ќе се постигне, во спротивно, земјата ќе се соочи со сериозни економски и политички проблеми.

Беким Незири 2

„-Јас сум оптимист и мислам дека сите фактори што учествуваат во преговорите треба да ги надминат дневно-политичките идеи и политики на своите партии, и да го гледаат интересот на државата како приоритет да излеземе од кризата. Дел од економијата веќе трпи, тоа го најави и гувернерот на НБРМ, тоа го најавив и јас во моите излагања – неминовно е економијата да страда бидејќи политичката криза е директно поврзана со инвестициите и трговската размена со другите држави. Ние како држава ќе трпиме штети и последици.“ – рече Незири.

Зоре Темелковски

Зоре Темелковски

Небу Хоџа

Небу Хоџа

За влијанието на политичката криза врз бизнисот говореа и претседателите на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски, и на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа.

„-Ситуацијата се одразува на голема врата, особено во малите и средни претпријатија чиј профит и успех се цени според потрошувачката на граѓаните.“ – изјави Темелковски.

За иднината на Македонија следуваат клучни денови, како што веќе објавивме извештајот за напредокот на државата од Европската комисија треба да го очекуваме во четврток, дотогаш сеуште постои надеж дека политичките чинители ќе успеат да договорат околу спорните одредби од Пржинскиот договор. Во изминатиов период апели за продолжување на договорот доаѓаа од олеснувачите, од комесарот Хан, од амбасадорите на европските држави во Македонија, но и од официјален Берлин.

Н.С/