Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДолгот кон Водовод и канализација ќе може да се прати без пресметана камата

Долгот кон Водовод и канализација ќе може да се прати без пресметана камата

По барање на граѓаните на Град Скопје се обновува одлуката за ослободување од камата на сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (тужен и редовен дел) да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, соопштија од претпријатието.

Од претпријатието наведувата дека зависност од висината на долгот, истиот може да се отплати на рати, но дека ова се однесува само на физички лица, но не и за државните институции, локални самоуправи.

Управниот одбор донел одлука со која се одобрува физичките лица од социјално ранливите категории кои имаат заостанат долг истиот да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.