Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗаложничка драма во Скопје, киднапирање за долг од 1000 евра

Заложничка драма во Скопје, киднапирање за долг од 1000 евра

Георгиевска Ж. родена 1974 година, пријавила дека вчера попладне, во дворот на нејзината куќа на улица Првомајска, дошле лицата П. Б. викан Хуго, брат му П. Т. и уште едно лице викано Пајтар кој се преставувал како инспектор, и со образложение дека лице близок пријател со човекот со кого таа била во љубовна врска, им должел 1000 евра.

Тие на  сила ја однеле со возило со сива боја со скопски регистарски таблички, ја внеле во возилото по што ја однеле во Хостел „ХУГО“ во близина на Водно.

Во собата противправно ја држеле се до околу 24.00 часот и потоа лицето Боби ја однел до дома и ја оставил.