Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДоговор нема, преговорите продолжуваат и без Хан

Договор нема, преговорите продолжуваат и без Хан

Ниту присуството на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан не придонесе да се постигне конечно почитување на политичкиот договор меѓу најголемите партии и повторно се пробиени предвидените рокови за Специјалното јавно обвинителство, како и за назначувањето на министри од опозицијата во преодна влада. Хан изрази незадоволство и загриженост бидејќи ваквата состојба може сериозно да се одрази на европерспективата на Македонија, но се надева дека со посредство на олеснувачите од Европа партиите ќе излезат од кризата.

Од власта и опозицијата има различни причини и ставови околу блокирање на целиот процес. Илија Димовски пренесе дека имало значајно доближување на ставовите за многу прашања. Од СДСМ велат дека мора да се почитува работата на Специјалното јавно обвинителство што е потврдено и со закон, додека пак за замениците министри кои ќе бидат назначени по нивни преглог мора да има право на вето како што е договорено, но од ДПМНЕ постојано бараат начини како да избегнат од веќе договорените позиции.