Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРасправата за буџетот мина без опозицијата – СДСМ без забелешки, само со пофалби за буџетот

Расправата за буџетот мина без опозицијата – СДСМ без забелешки, само со пофалби за буџетот

Комисијата за финансирање и буџет ја прекина денешната седница и го закажа нејзино продолжение за утре во 11 часот. По една недела пауза комисијата денеска продолжи да работи без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која засега се уште нема одлучено дали ценосло ќе го напушти Собранието.

Претседателката на Комисијата, Љилјана Кузмановска, од ВМРО-ДПМНЕ минатата недека на неопределено ја одложи работата на собраниската комисија по приведувањето 36 лица за насилствата во Собранието од 27 април годинава, меѓу кои и шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Собранискиот спикер Талат Џафери ја деблокираше работата на комисијата, назначувајќи го Васко Ковачевски од СДСМ за претседавач на ова собраниско тело. Пред почетокот на комисиската седница, новиот претседавач Ковачевски ја повика опозицијата да се врати на расправите за предлог-буџетот за 2018 година.

– Ние како владеачко парламентарно мнозинство сме должни да обезбедиме општа амандманска расправа за буџет. Верувам дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на седницата и ќе дадат свој придонес во подготвокатана буџетот, со оглед дека имаат поднесено голем број на амандмани. Доколку решат да се вклучат во работата на комисијата, претседателката Лилјана Кузамновска може да продолжи да претседава со истата – рече Ковачевски.

Пратениците од владејачкото мнозинство во своите излагања го фалеа предложениот буџетот, но и изразија жалење што претставниците од ВМРО-ДПМНЕ не се присутни за да дебатираат за клучни прашања, но и за да ги бранат амандманите кои ги предложиле.

– Очекував дека тука ќе бидат и колегите од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да ги спротивставиме нашите ставови, затоа што имавме различни гледања за ребалансот на буџетот.“ – изјави Панче Иванов од СДСМ.

Пратеничката Лидија Тасевска од СДСМ рече дека предлог-буџетот за 2018 година ќе се обезбеди стабилизација на економијата и граѓаните брзо ќе ги почувствуваат бенефитите од него.

– Со предлог-буџетот за 2018 година е предвидена значителна отплата на долговите на домашниот и странскиот пазар. Сегашната реформска влада мора да обезбеди средства за исплаќање на долгот на поранешната влада – рече Тасевска.

Kомисија утре треба да почне да ги разгледува 279 амандмани поднесени од опозицијата и од БЕСА. За буџетот исто така ќе се расправа и на законодавно-правната Комисија. Предлог-буџетот за 2018 година се очекува да се најде пред пратениците за гласање до 18 декември годинава.