Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДилери шверцувале марихуана од Албанија – МВР ги фати на дело

Дилери шверцувале марихуана од Албанија – МВР ги фати на дело

Министерството за внатрешни работи соопшти дека уапсила петчлена нарко група која шверцувала марихуана од Албанија и биле фатени со три килограми. Од страна на Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против М.А.(32), А.А.(37) и К.М.(55) од Скопје, Ф.Т.(33) од Струга и Д.Б.(29) од Р.Албанија сите членови на криминалната група, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

marihuana1

Од МВР велат дека организаторите на криминалната група М.А.(32) и А.А.(37) преку Ф.Т.(33) стапиле во контакт со Д.Б.(29) од Р.Албанија со кого договориле набавка на марихуана по цена од 1900 евра за килограм. Осомничени се и две лица кои се во бегство и сеуште не се достапни за органите на прогон.