Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДИК поенергично ќе го чисти списокот до избори, за СДСМ се е џабе

ДИК поенергично ќе го чисти списокот до избори, за СДСМ се е џабе

Дел од членовите на Државната изборна комисија тврдат дека активностите продолжуваат со поинтезивно темпо откако СДСМ најави бојкот на изборите на 5 јуни и според нив работата мора да се заврши што е можно побрзо за целосна проверка на сите сомнителни гласачи.

Ваквата констатација е малку непримерна бидејќи ДИК во изминатиот период на повеќе наврати од разни меѓусебни несогласување ги кочеше процесите кои беа договорени во Пржино, а државните институции не беа најажурни при доставата на податоците за вкрстената проверка што доведе рокот за чистење на списокот да биде пробиен и тоа ја прели чашата за опозицијата.

Без оглед на најавите на членови на ДИК дека работата ќе се заврши за краток период од СДСМ и повеќе опозициони партии и понатаму тврдат дека фер услови за избори нема и затоа бојкотот е единствено решение.