Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЏихадистите се пофалија дека ги убиле тинејџерите на концертот

Џихадистите се пофалија дека ги убиле тинејџерите на концертот

Терористичката организација „Исламска држава (ИС)“ презема одговорност за нападот во Манчестер арена, во кој настрадаа 22 лица, пренесува агенцијата ТАСС. Според порталот Акбар Ирак припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавиле видеоснимка во која преземале одговорност за нападот.

Четири часа пред нападот во Манчестер, пак, на еден профил на социјалната мрежа Твитер биле објавени два твита со кои се упатува закана кон Арената во Манчестер, а покрај заканите, во твитовите била објавена и слика со знамето на ИС.

Нападот беше извршен во концертна сала каде настапуваше поп пејачката Аријана Гранде.