Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧетири загинати во експлозија кај американската амбасада во Кабул

Четири загинати во експлозија кај американската амбасада во Кабул

Силна експлозија одекнала во Кабул кај американската амбасада. Според локалните власти, четири лица загинале, а најмалку деветмина се повредени.

Експлозијата се случила на централниот плоштад Масуд, каде што се наоѓаат бројни амбасади и на други западни земји. Авганистанската полиција соопштила дека мета на нападот најверојатно била филијалата на „Кабул банка“.

Според локалните медиуми, од јачината на експлозијата оштетени биле неколку згради.