Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарскиот националист кој тепаше новинари и студенти оди во затвор

Бугарскиот националист кој тепаше новинари и студенти оди во затвор

Волен Сидеров, лидерот на ултра-националистичката бугарска партија Атака е притворен и ќе се соочи со обвинение за физички напад на студенти. Тој со неговите следбеници упадна во Националната академија за филм и уметност при што студентите ги нарекуваа „наркомани“ и „педери“ и дојде до физичка пресметка по што интервенираше обезбедувањето и полицијата.

Сидеров е познат и по напад на новинари кои не се согласуваат со неговите радикални политики, но платформата на Атака успеа да освои 11 пратенички места во Бугарскиот парламент. Неговите колеги гласаа да му се одземе пратеничкиот имунитет и да му се суди за кривичните дела.

Сидеров тврдеше и дека крвавите терористички напади во Париз се измислица, а дека виновни за неговото апсење се претставниците на Американската амбасада во Софија.