Friday, Apr 26, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавБрегзит нема лошо да влијаел за Балканот во ЕУ, а што би?

Брегзит нема лошо да влијаел за Балканот во ЕУ, а што би?

Тоа што Велика Британија изгласа референдум со кој побара излез од ЕУ нема да значи и стопирање на процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Македонија.

samit zapaden balkan

Брисел ќе ја продолжи политиката на отворени врати иако искрено одамна тие не ги „раширил“ за нови членки бидејќи Македонија одамна е блокирана од Република Грција во бесмислениот спор за името, а ништо подобри не се ниту Албанија која веќе десетина година е членка на НАТО, но не може да и се доближи на Европа, а Србија се соочува со нови препреки секоја година.

dimitriev oland

Политичарите, вклучувајќи го и актуелниот премиер Емил Димитриев по Самитот за Западен Балкан под покровителство на Франција, изразија задоволство од поддршката и заложбите за решавање на актуелните европски проблеми.

Сепак, за да се влезе на големата врата во Брисел ќе мора да се голтнат повеќе кнедли наметнати од европската политика, а тоа ретко кој сака директно да го изрази и пред европските колеги и пред сопствениот електорат.