Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕврозоната ќе мора да се подготви за лансирање на идно дигитално евро?!

Еврозоната ќе мора да се подготви за лансирање на идно дигитално евро?!

Еврозоната мора да се подготви за лансирање на идно дигитално евро. Идејата е објавена во коминикето на гувернерот на Европската централна банка Кристин Лагард.

Во коминикето се нагласува дека ова во никој случај не значи крај на хартиени банкноти и монети.

Серија тестови за дигиталното евро ќе бидат спроведени во следните половина година.

Се наведува дека дигиталното евро ќе биде електронска форма на валута на централната банка која, како банкнотите, „ќе им овозможи на сите – и на домаќинствата и на компаниите – да вршат дневни плаќања брзо, лесно и со целосна безбедност“.

„Мора да бидеме подготвени да издадеме дигитално евро ако е потребно“, вели гувернерката Кристин Лагард во изјавата.

Иницијативата беше објавена во време кога употребата на готовина во еврозоната нагло паѓа како резултат на пандемијата „Ковид-19“, особено во Германија, која е силно посветена на традицијата на плаќање со банкноти и монети.

Во исто време, дигиталните валути ги развиваат многу компании и се во фокусот на разни централни банки ширум светот.