Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтомобил удрил 12-годишен велосипедист и побегнал од местото на несреќата

Автомобил удрил 12-годишен велосипедист и побегнал од местото на несреќата

Автомобил удри 12-годишен велосипедист во Тетово. Возачот на автомобилот веднаш побегнал од местото на сообраќајката. Детето кое се здобило со телесни повреди е префрлено во тетовската клиничка болница каде му е укажана прва помош, а потоа бил пуштен дома. Полицијата трага по несовесниот возач.

Во изминатите девет месеци, во Тетово биле повредени 52 пешаци од кои 15 се здобиле со потешки телесни повреди, а 37 поминале со полесни повреди, како и 38 повредени велосипедисти и мотоциклисти од кои петмина се здобиле со тешки телесни повреди.