Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФизички нападнати тројца полицајци во Тетовo

Физички нападнати тројца полицајци во Тетовo

Tројца полицајци од Тетово вчера физички биле нападнати при легитимирање на двајца Тетовци.

Како што соопшти МВР изутрината околу два часот на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полицајците од полициската станица во Тетово физички биле нападнати од лицата М.М. (26) и И.А. (28), кои биле познати како извршители на повеќе кривични дела.

Полициските службеници, кога ги забележале лицата, се легитимирале и побарале и тие да го направат истото и да ги извадат предметите од нивните џебови. Притоа, М.М. почнал да вика, се доближил до едниот полициски службеник и физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на градите. Откако регирале и другите двајца полициски службеници, лицата биле совладани и приведени во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка.

Категории: Хроника