Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТеута Арифи останува во трка за нов мандат во Тетово, но не оди во влада

Теута Арифи останува во трка за нов мандат во Тетово, но не оди во влада

Теута Арифи нема да биде дел од новата влада. Иако, до последен момент се шпекулираше дека потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи ќе добие министерска функции, сепак таа останува повторно да се бори на локалните избори за градоначалничкото место во Тетово.

– Ова ќе бидат новите реформски министри кои ќе ги спроведуваат потребните реформи. Нема да бидам дел од новата влада и повторно ќе се кандидирам за градоначалничка на Тетово, затоа што сакам да ги решам проблемите на Тетовци – истакна Арифи.