Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАлбанците слават пласман на Евро 2016 – Народ се радува на улица

Албанците слават пласман на Евро 2016 – Народ се радува на улица

Албанците во Македонија со знамиња и национални обележја ја слават победата на албанската фудбалска репрезентација против Ерменија со три гола на гости со што си ја запечатија визата за пласман на Европскиот шампионат во фудбал 2016 во Франција. Од Бутел, до Центар како и од другите населби има колони на возила кои парадираат со славенички извици, а се слави и во Тетово и Гостивар. Ова е историски пласман на Албанија и е најголем успех на фудбалската сцена.