Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСелмани: Трите партии на Албанците треба да се дел од идната Влада

Селмани: Трите партии на Албанците треба да се дел од идната Влада

„Партиите на Албанците треба да ги избегнуваат несогласувањата и заедно со СДСМ да формираат силна Влада, затоа што и опозицијата, исто така, ќе биде силна„ – рече Имер Селмани за АлсатМ.

Тој вели дека Владата треба да се формира што побрзо и да работи на враќањето на довербата во институциите.

„Би било многу добро доколку до крајот на наредната седмица има предлог во Собранието за формирање на Влада, и пред крајот на месецот, министрите да седнат на своите места и да ги земат во свои раце работите за да ги видиме првите резултати од новата власт. Најкорисно за граѓаните на РМ и за Албанците посебно, е трите партии на Албанците да бидат дел од идната Влада. Би имале добро мнозинство од 67 пратеници, бидејќи само со 62 пратеника нема да биде доволно, зашто ќе имаат силна опозиција со голем број на пратеници, односно ВМРО –ДПМНЕ со 51 пратеник. Треба да се има во предвид дека ќе има голема битка во Собранието“, изјави Селмани..