Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Заев за да го добие албанските гласачи соработувал со криминалци

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за да го добие албанските гласачи соработувал со криминалци

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лидерот на СДСМ Зоран Заев за да го добие албанските гласачи им ветувал дека ќе ги ослободи од различни кривични пријави.

– Шпетин Положани, претседател на здружението на албански политички затвореници во Македонија, во интервју за Шења кажа „Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привилегии, ако дојдат на власт“. Положани објаснува дека СДС извршил огромна манипулација кај нашите сограѓани од албанско етничко потекло, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев давал нелегални ветувања и ги манипулирал граѓаните само за да дојде на власт.

– Заев е свесен за кривичната одговорност која треба да ја сноси и токму затоа ги заплашува судиите и се рафрла со закани за реизбор на судии, мислејќи дека ќе избегне одговорност. Заев треба да знае дека овие кривични дела се дела кои не застаруваат бргу и одговорност за нив ќе има, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.