Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОгласот за јавен обвинител и минималната плата денеска пред пратениците

Огласот за јавен обвинител и минималната плата денеска пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 12. седница на која на дневен ред се повеќе одлуки и закони, меѓу кои Предлогот за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Македонија и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието, пишува „Радио Слободна Европа“

Предлогот за објавување оглас за именување јавен обвинител до Собранието го достави Владата, по разрешувањето на Марко Зврлески од 17 август.

На оваа седница на дневен ред е и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието која ја предложи парламентарниот спикер Талат Џафери и со неа се предвидува Парламентот наместо три како досега да има петмина потпретседатели.

Пратениците на 12. седница ќе се изјаснат и за пакетот закони по скратена постапка кои ги поднесоа пратениците од владејачкото мнозинство, а кои ги вклучуваат измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, Предлог на закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.