Tuesday, Apr 30, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКои земји гласаа за Македонија на Евровизија?

Кои земји гласаа за Македонија на Евровизија?

Јана Бурческа иако освои бројни симпатии меѓу евровизиските фанови не успеа да ја привлече поголемата телевизиска публика која не и даде доволен број на гласови за да влезе во финалето на Евровизија. Македонската претставничка на втората полуфинална вечер добила 69 поени, со што била на 15. позиција.

„Dance Alone“ во полуфиналето добила 40 поени од телевоутингот и уште 29 од стручните жирија.

Од телевоутингот Македонија добила 12 поени само од Бугарија, додека добила 10 поени од Србија, 6 од Хрватска, 5 од Израел, 4 од Сан Марино и 3 од Швајцарија. Стручните жирија од Малта и Франција ни дале по 8 поени, од Србија 5, Украина и Норвешка по 3 и Унгарија 2 поени.