Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвроамбасадорите повикуваат на избори без заплашување и насилство

Евроамбасадорите повикуваат на избори без заплашување и насилство

Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите членки на ЕУ денеска порачаа дека локалните избори на 15 и на 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина.

„ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и да ја покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото. Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство“, стои во заедничката изјава.

Делегацијата на ЕУ и амбасадите потсетуваат на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време на изборите и по нив.

„Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање, кое им е потребно за да донесат информирана одлука на денот на изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни набљудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР. Секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини“, се вели во изјавата.