Поплава и невреме не се пречка за Пивофест во Прилеп
Локалната власт побрза да го „исчисти“ центарот на градот на главниот плоштад каде е поставена бината за Пивофест.
На социјалните мрежи се раширија видеа со преплавените улици и штандовите на пиво и скара кои беа полни со вода и кал.
Сепак, посетителите не треба да се грижат бидејќи комуналните претпријатија ја исчистија зоната, но доколку невремето продолжи со силен дожд и громотевици треба добро да се размисли дали да се оди на фестивал на отворено.