Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривични пријави за вработени во Општина Прилеп

Кривични пријави за вработени во Општина Прилеп

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против И.К. (61), вработен во општина Прилеп на работно место Раководител на Сектор за урбанизам, И.Ч. (66), вработен во општина Прилеп на работно место Раководител во Одделение за урбанизам, К.Б. (60), вработен во општина Прилеп – член на Комисија за утврдување на фактичка состојба на лице место во постапки за легализација и Б.В. (62), вработен во општина Прилеп – член на Комисија за утврдување на фактичка состојба на лице место во постапки за легализација поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 и 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија и против С.К. (61), Управител на ДОО ,,Пелагонија Турс“ Прилеп, П.И. (50), овластен геодет вработен во ГПС ,,Премер“ ДООЕЛ Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 и 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

И.К., од 25.08.2011 година до 22.11.2013 година, во договор со останатите пријавени презеле дејства, секој во рамките на своите овластувања, со цел легализација на деловен објект кој не можел да биде предмет на постапување согласно Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

На тој начин противправно овозможиле правното лице ПЕЛАГОНИЈА ТУРС ДОО Прилеп да стане сопственик на деловен објект лоциран на ул. ,,Маршал Тито“, кој се наоѓа на приземјето од станбено деловна зграда во Прилеп, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.995.000 денари.