Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА отвори дисциплинска постапка против Русија

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Русија

Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна дисциплинска постапка поради случувањата на натпреварот меѓу Англија и Русија, одигран вчеравечер во Марсеј во рамките на ЕУРО 2016.

Постапката е отворена против Фудбалскиот сојуз на Русија, поради инцидентите кои на „Велодром“ ги направија руските навивачи.

Тие се обвинети за немирите на трибините, расистичките инциденти и употреба на пиротехнички средства.

Надлежните комисии во УЕФА постапката против Русија ќе ја разгледуваат на 14 јуни.