Четворица загинати при уривање на хеликоптер во Франција
Четворица припадници на француските специјални сили загинаа при уривање на хеликоптер во југозападна Франција.
Хеликоптерот удрил во карпа во близина на населбата Котрет при што загинаа сите членови на екипажот, односно пилотот, копилотот и двајца спасувачи. Причината за несреќата се уште не е позната. Премиерот Мануел Валс преку Твитер изрази сочуство до семејствата на загинатите.