Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата ќе ги решава проблемите на семејствата на загинатите бранители

Владата ќе ги решава проблемите на семејствата на загинатите бранители

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска со претседателот на здружението „Бранители – херои на Македонија од 2001“, Владо Стојанов разговараа за досегашната државна помош за семејствата на загинатите бранители и за опциите за продолжување на поддршката.

На средбата, која се одржа на 16-годишнината од загинувањето на македонските бранители на Карпалак, било посочено дека неколку семејства на загинати од редовите на полицијата во 2001 година сè уште не се обесштетени за нематеријална штета, други семејства дека имаат потреба од здравствени услуги предвидени со законот, или од еднократна помош за услуги од стручни лица и дефектолози за работа со деца со посебни потреби.

Заев и Спасовски, како што соопштуваат од владината пред служба, се заложиле за изнаоѓање решенија за нотираните проблеми согласно законските прописи и уредби.