Протести во Вашингтон и Велес, „герилски“ акции во Скопје
Денеска иако се мислеше дека нема да има големи протести сепак, повеќемина се одлучија да го искористат слободниот ден за изразување на револт против аболицијата која ја донесе претседателот Иванов, како и да се упати поддршка за работата на СЈО. Во Вашингтон помала група на македонци протестираа пред амбасадата на Македонија, а меѓу нив беа и членови на Обединета македонска дијаспора.
Велес пак, се пробуди по цела недела протести и граѓаните излегоа на улиците со истата порака како нешто ненајавено и неочекувано. Стотина граѓани го изразија револтот за актуелната политичка криза и ги повторија пораките „Нема правда, нема мир“.
Во Скопје иако „Протестирам“ соопшти дека нема да одржат протести помала група изврши „герилски“ акции поставувајќи транспаренти за слобода на повеќе споменици низ центарот на градот. Масовните протести ќе продолжат утре, а на Скопје, Битола и Струмица за прв пат ќе им се придружат Куманово и Штип.